Forbes: Ова се најголемите компании во светот!

- Advertisement -

На првите пет места на овогодишната листа на Forbеs со најуспешни и најголеми во светот се најдоа три компании од Кина и две од САД. Меѓу 2.000 најголеми на глобално ниво на прво место е кинеската банка ICBC, по што следува China Construction Bank. На трето место се наоѓа банката од САД, JP Morgan Chase. Четвртата позиција ја зазема компанијата на најголемиот инвеститор во ризичен капитал, Ворен Бафет – Berkshire Hathaway, а петтата позиција и припадна на кинеската Agricultural Bank of China.

Во текот на изминатите неколку месеци светот е сведок на тензиите во трговијата меѓу Кина и САД, а огромната економска моќ на двете земји се огледува и на годинашната листа на Forbеs, Global 2000. По прв пат од 2015 година наваму Кина и САД еднакво ги делат првите десет места. Сепак, САД и понатаму се доминантни ако се гледа вкупниот број компании од земјата на листата. Американските компании заземаат 30% од вкупниот број компании на листата на Forbеs.

- Advertisement -

Кина на оваа листа има 291 компанија, додека САД имаат вкупно 560 компании. На првата листа од 2003 година на листата имаше само 43 компании од Кина. Јапонија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја исто така се меѓу првите пет земји со најголем број претставници на листата.

- Advertisement -

Листата Global 2000, која секоја година ја прави американскиот магазин, годинава ги опфати најголемите и најуспешните јавни компании од 60 земји од светот рангирани според приходите, профитот, имотот и пазарната цена. Компании на оваа листа имаат вкупно 39,1 трилиони долари продажба, 3,2 трилиони долари во добивка, 189 трилиони долари имот и 56,8 трилиони долари пазарна вредност. Вкупниот профит расте од година во година, така што достигнува и раст од импресивни 28%.

Сподели!
- Advertisement -