Кои држави се најдобри за живот?

- Advertisement -

Сигурно во некој момент сте сонувале да се преселите во друга држава или дури и на друг континент. Додека почнувањето од ново, од нула звучи гламурозно и возбудливо, многу фактори треба да се разгледаат пред да се впуштите во таква авантура. Меѓу побитните сигурно е колку е длабок вашиот џеб и квалитетот на живот што го нуди новата земја за тие пари, пишува Poslovni Puls.

Веб страницата InterNations неодамна го објави извештајот во кој се вклучени мислења и впечатоци на повеќе од 12.500 луѓе од различни националности кои живеат во туѓа земја. Резултатите можеби ќе ви помогнат при носењето одлука за преселување.

- Advertisement -

Бахреин е најдобра земја за живот според вкупната оценка. Според истражувањето, Бахреин годинава подобри многу фактори кои ги опфаќа студијата како што се: чекорите кои ги преземе за доселениците да се чувствуваат добредојдени, колку се задоволни со своите кариери и колку земјата е поволна за одгледување семејство. Речиси третина од испитаниците кои живеат во Бахреин изјавиле дека очекуваат таму да останат повеќе од 5 години, додека 11% размислуваат да останат трајно.

Костарика и Мексико се веднаш зад Бахреин според вкупната оценка.

- Advertisement -

Кога станува збор за квалитетот на живот, на прво место е Португалија. Ова рангирање зеде предвид колку доселениците се задоволни од животот во поглед на достапноста на транспорт и можноста за патување, здравјето и безбедноста. Луѓето кои се доселиле во Португалиjа велат дека земјата е најдобра поради климата, пристапната здравствена заштита и комоцијата која им ја oвозможува на своите жители. На второ место се наоѓа Тајван.

- Advertisement -

Според цените, лидер на листата е Виетнам. Во истражувањето се земени предвид два фактори: личните финансии и дали тие финансии се доволни за да се покријат трошоците и вкупниот трошок за живот. Виетнам се најде на првото место поради тоа што има најдобри услови за живот во согласност со паричната ситуација на доселениците: 93% од испитаниците изјавилe дека заработуваат доволно или дури и повеќе од доволно за да ги покријат трошоците за живот, што е многу повеќе од глобалниот просек кој изнесува 77%. Виетнам се наоѓа на прво место и според работата и задоволството од кариерата.

Најдобро место за работа во странство е Чешка. Доселениците кои работат во Република Чешка изјавиле дека се среќни со својата работа, со работното време и со сигурноста на работата. Интересно е тоа што во Чешка е забележан и поголем процент самовработени професионалци отколку во голем дел од другите делови од светот. На второ место се наоѓа Нов Зеланд.

Најдобра земја за одгледување семејство е Финска. Финска е сигурен победник поради одличниот образовен систем, рекреативните можности за децата и достапната грижа за децата. Еден од испитаниците дури ја пофалил земјата како едно од најдобрите места на светот за одгледување деца.

Сподели!
- Advertisement -