Американска компанија направи пиво со сладолед

- Advertisement -

Производителот на пиво од Њујорк, Captain Lawrence Brewing се здружи со производител на сладoлед за на своите потрошувачи да може да им понуди уживање во првото пиво со сладолед во светот. Станува збор за чоколадно слатко задоволство со сладоледот на компанијата Carvel во форма на кит, пишува Bizlife.

Јакото црно пиво се прави со чоколаден сладолед и содржи 4% алкохол. Од пиварницата наведуваат дека пивото добро оди се чадена храна и со чоколадни десерти. Првата тура од необичното пиво Fudgie the Beer веќе е распродадена, а втората се очекува да биде готова во петок. Ова пиво може да се најде само во пивницата на Captain Lawrence во Елмсфорд во Њујорк.

Сподели!
- Advertisement -