Започнува ерата на супербрзо полнење на електричните автомобили: 400 километри за 10 минути полнење?

- Advertisement -

Долгото чекање за полнење на батеријата е една од најважните причини за многумина да не размислуваат да купат електричен автомобил. Да бидеме искрени, најважната причина е високата цена на самите автомобили, а не се далеку ниту цените за полнење на брзите полначи, кои честопати ќе бидат (пре)високи. Новата батерија од Кина треба барем да го реши првиот проблем – брзината на полнење. Наводно, на електричните автомобили им дава домет од 400 километри за само десет минути полнење, пишува ХАК.

Shenxing ја започнува ерата на супербрзо полнење на електрични возила – објави во средата најголемиот кинески производител на батерии CATL. За споредба, Tesla вели дека нивниот Supercharger може да наполни Model 3 до 275 km досег за околу 15 минути. Батеријата на CATL треба да обезбеди домет од 700 километри по полнење. Масовното производство на ќелијата со литиум железо фосфат треба да започне подоцна оваа година и ќе биде достапно од првиот квартал на 2024 година.

- Advertisement -

Кина е лидер на пазарот на батерии за електрични автомобили. Во декември минатата година, CATL ја лансираше својата прва фабрика надвор од Кина – во Германија.

Извор – Пословни дневник

Сподели!
- Advertisement -