Во иднина правосмукалките ќе бидат вградени во ѕид

- Advertisement -

Sweepovac e правосмукалка која е вградена во долниот дел од некој ѕид, не зафаќа воопшто простор, и го олеснува одржувањето на хигиената во кујната. Сите знаеме дека кујната е една од просториите, заедно со тоалетот и бањата, кои најмногу се валкаат, но истовремено треба да се одржуваат најчисти.

Посебно родителите на мали деца знаат каков предизвик е да се чува домот чист, особено кога јадат. Sweepovac им ја олеснува работата на сите така што не треба да влечат правосмукалка и да се наведнуваат да собираат ронки од подот. Едноставно треба да ја истуркаат сета нечистотија до правосмулката и таа ќе вшмука се за помалку од 3 секунди.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -