Меtа воведува вештачка интелигенција во WhatsApp

- Advertisement -

Американската технолошка компанија Meta денес објави дека воведува голем број нови функции на својата платформа WhatsApp, вклучувајќи предлози за одговори со вештачка интелигенција кои се генерираат врз основа на содржината на претходен разговор.

Целта е да им се олесни на корисниците да се допишуваат и да ги задржат во апликацијата, наместо да користат надворешни алатки како што е ChatGPT.

- Advertisement -

Најважната новина се однесува на подобрувањето на опцијата „помош за пишување“, која им помага на корисниците да составуваат пораки.

Оваа функција сега може да предлага одговори и дополнително да го прилагодува тонот и стилот на пораката за да им го олесни на корисниците формулирањето на текстот.

- Advertisement -

Meta вели дека разговорите преку WhatsApp остануваат приватни, дури и кога се користи помош за пораки со вештачка интелигенција.

WhatsApp сега овозможува и уредување фотографии со Meta AI директно во разговорот, а корисниците можат да отстранат несакани елементи од сликата, да ја променат позадината или да применат различни стилови.

- Advertisement -

Во иднина апликацијата ќе предлага и налепници врз основа на внесени емотикони, а сите нови функции постепено ќе им бидат достапни на сите корисници.

(TechCrunch/Euronews)

- Advertisement -