Индија за четири години отсега планира да ја стопира употребата на пластика за еднократна употреба. Премиерот Нахендра Моди оваа одлука на земјата ја најави на Светскиот ден на животната средина. Ова е најамбициозната цел за борба против пластичниот отпад во 60 земји и драматично може да ја намали количината пластичен отпад што ја создаваат 1,3 милијарди луѓе, пренесува Inhabitat..
Индија реши да се одбрани од најголемиот загадувач на околината- пластиката со она што Обединетите нации го нарекоа феноменална заложба. Министерот за екологија на Индија, Харш Вардан, изјави дека пластиката за еднократна употреба ќе биде забранета во земјата почнувајќи од 2022 година. ОН се надеваат дека оваа мерка ќе ја инспирира целата планета и ќе поттикне вистински промени.
„Секој од нас е должен да се погрижи борбата за материјален просперитет да не ја уништува нашата средина. Изборите кои ги правиме денес ќе ја дефинираат нашата заедничка иднина. Токму затоа изборот не е лесен, но со свесност, технологија и искрено глобално партнерство сигурно можеме да ги донесеме вистинските одлуки. Ајде сите заедно да се бориме против пластичниот отпад и да ја направиме планетата Земја подобро место за живот“, порача индискиот премиер.