Се распаѓа најголемата санта лед во светот

- Advertisement -

Најголемата санта лед во светот, A68a, почнува да се крши додека плови до островот Јужна Џоџрија. Сателитски снимки од пред некој ден покажуваат пукнатини во мразот и до вторникот од сантата се одвоија две помали санти лед.

Новите санти лед ги добија имињата A68e, со големина од 33 наутички милји и A68f со 14 наутички милји. Научниците ја следат масивната санта лед за да видат дали ќе застане некаде каде што ќе наиде на поплитка вода. Ако дојде до тоа, сантата може да претставува опасност за пингвините и фоките на островот затоа што ќе ги спречи да наоѓаат храна во околните води.

- Advertisement -

Распаѓањето на сантата лед се случува четири години откако се оддели од ледениот појас Ларсен Ц. A68e и A68f биле откриени со помош на сателитот Sentinel-1A и се третата и четвртата санта лед кои се одвоиле од A68a.

Научниците имаат теорија дека сантата се распаднала кога удрила на некои карпи околу островот. Научниците кои го следат движењето на сантата предупредуваат дека A68a, која се придвижува со помош на водени струи, може во текот на наредите некоку дена да удри во островот. A68a iе опасност по живиот свет на островот затоа што може да го уништи морскиот свет околу брегот и да ги направи водите неповолни за живот.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -