Корисни апликации за пронаоѓање на бесплатни Wi-Fi мрежи

- Advertisement -

Ви се случува често да барате безжична мрежа која е сигурна и квалитетна? Наместо да барате сами, инсталирајте некоја од овие апликации или пристапете до некоја од веб страниците кои отсега натаму ќе ви го олеснат секојдневието и потрагата по Интернет

1. Instabridge App: Free WiFi Passwords and Hotspots 

Instabridge е гемифицирана база на бесплатни Wi-Fi мрежи која ја одржуваат самите корисници со тоа што постојано додаваат и оценуваат Wi-Fi мрежи. Она што треба да го направите кога ќе дојдете во кафулето или ресторанот е да ја вклучите опцијата на телефонот за Wi-Fi додека апликацијата ви е активна, да ја изберете безжичната мрежа на локалот и ќе бидете автоматски логирани.

- Advertisement -

Кога ќе откриете нова оаза за Wi-Fi мрежи, можете да бидете совесен и корисен член на заедницата со тоа што ќе ја впишете лозинката во апликацијата.

2. WiFox

- Advertisement -

WiFox е база на безжични мрежи на аеродромите низ светот. Достапна е како веб страница, а дополнително може да се преземе и како апликација. Со претплата од 2 евра, оваа апликација автоматски ќе ве приклучува на Wi-Fi мрежите на аеродромите, а вие ќе се поштедите од губење нерви при потрагата по безбедна мрежа додека го чекате својот лет.

- Advertisement -

3. Avast Wi-Fi Finder

Овој софтвер за пронаоѓање на Wi – Fi мрежи има акцент на веб сигурноста. Општо е познато дека бесплатните Wi – Fi мрежи се поврзуваат со хакерски напади, крадење на податоци и вируси.

Оваа алатка на Avast му ги прикажува на корисникот сите достапни Wi – Fi мрежи, како и оние кои се во релативна близина. Пред да се приклучите на една од нив, Avast ќе се обиде да открие дали се работи за сигурна мрежа или не. Ова е мала, но клучна алатка која не ја нуди ниту еден друг софтвер за пронаоѓање Wi – Fi мрежи.

4. Places to work

Places to work e онлајн база на квалитетни безжични мрежи. Ако ѝ дадете пристап до вашата локација, веб апликацијата ќе ви пронајде на кои места околу вас се нуди привремено место за работа/биро кое може да го користите во текот на денот.

Секако, некои од локациите се кафулиња каде за да користите бесплатна Wi-Fi мрежа ќе мора да нарачате нешто од нивното мени или пак coworking простор каде можеби ќе треба да платите повеќе. Како и да е, оваа алатка ќе ви користи дефинитивно во пронаоѓањето на Wi-Fi мрежа. Пристапете до оваа база на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -