Компанијата AMIA на бизнисменот Нил Емилфарб продаде три луксузни апартмани во својот резиденцијален комплекс Dukley gardens и во деловно-станбениот комплекс Dukley residence за 430 биткоини, што во противвредност изнесува 2,5 милиони евра.
Како што изјавуваат од компанијата AMIA, ова е најголемата продажба на недвижности во Европа реализиран со таа валута, пишува Bankar.me.
„Добивме целосно нова клиентела, луѓе кои и немале намера да купат недвижности сега го сторија тоа. Меѓу купувачите има млади луѓе кои своите биткоини одлучиле да го вложат во луксузни недвижности во Будва. Нашата компанија, за разлика од многу други кои не веруваат во криптовалутите, е прва во регионот која почна да користи криптовалути за продажба. Во светот, а особено во Европа е ограничен бројот на недвижности кои може да се купат со биткоин, па токму затоа сега имаме клиентела од целиот свет”, појаснија од AMIA.
Компанијата уште на крајот на минатата година промовираше дека прифаќа дигитални пари како средство за плаќање со кое може да се купуваат недвижности, но и да се плаќаат услуги во хотелот Dukley, ресторанот Dukley Beach Lounge и на пристаништето Dukley.