Барем тројца производители на хиперавтомобили тврдат дека се во состојба со своите автомобили да достигнат 482 км/ч, ама една „ситница“ ги спречува. Трите компании Hennessey, Bugatti и Koenigsegg се сложуваат дека оваа брзина е достижна, но проблемот е во гумите. Според она што го пишува Bloomberg, се чини дека наскоро овие производители нема да имаат какво било оправдување затоа што компанијата Michelin е на пат да конструира пневматик кој ќе издржи вакви екстремни услови, пренесува SEEBiz.eu.
„Ова е опасна трка со страшна конкуренција и забрзан развој. Се приближуваме до прагот од над 480 км/ч“ изјави продукт менаџерот на Michelin, Ерик Шмединг. Koenigsegg Agera RS моментално е рекордер со 444,6 км/ч, а во шведската компанија веќе работат на замена и новиот модел ќе биде готов во 2019 година. Од Bugatti велат дека моментално не им е приоритет соборувањето на брзински рекорди, а Hennessey наголемо се подготвува со својот Venom F5.