Во Македонија во април годинава се евидентирани 82.635 туристи, кои оствариле 164.183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21,4 отсто, а на ноќевањата за 17,2 проценти.
Бројот на домашните туристи е зголемен за 12,3, а на странските туристи за 25,5 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6,1, а на странските туристи за 24,5 проценти.
Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18,7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10,8 отсто, а кај странските за 23 отсто.
Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 17,5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10,3, а кај странските за 22,5 проценти.