Иако сите сме навикнати фотографиите да ги правиме со паметните телефони, некои од нас доаѓаат до момент кога овие фотографии веќе не ги задоволуваат желбите.
Дури и оние кои си прават фотографии аматерски, веќе се одлучуваат камерата од телефонот да ја заменат со професионален гаџет, па веќе постојат многу модели на полупрофесионални камери кои се наменети токму за овие корисници. Ако се пронаоѓате во оваа група на луѓе, еве кои полупрофесионални камери може да ги изберете и да направите неверојатни слики на годишниот одмор.
Nikon D3400 – подобрена верзија на претходникот
Фотоапарати од брендот Nikon се чест избор на аматерите, особено Nikon D300 до неодамна. Но овој апарат веќе има и наследник кој е надограден со безжична комуникација преку Bluetooth и SnapBridge апликација на вашиот паметен телефон. Nikon D-SLR фотоапаратите се практични за ракување и едноставно снимање на прекрасни фотографии што е дополнително олеснето со прецизен систем за автоматски фокус. Верзијата D3400 носи уште поостри фотографии со 5 слики во секунда, а се продава со објективи.
Canon T6i – завиден број на мегапиксели
За разлика од претходникот Canon T5i, овој уред е подобрен во бројот на мегапиксели, што е можеби најважната спецификација за аматерите. Освен резолуцијата, овој модел носи и повеќе точки за автоматско изострување на сликите. Полуавтоматските и автоматските опции се причината зошто овој модел го избираат аматерите, но и семејствата кои сакаат да фотографираат додека патуваат. Брзината на пренос на фотографиите е олеснета со Wi-Fi поврзаност што значи дека веднаш можете да ги споделувате фотографиите. Фотоапаратот е збогатен со 3-инчен екран на допир, а во секунда може да направи 5 фотографии.
Nikon D5500 – јасно истакнати детали
За разлика од D5300 и другите DSLR фотоапарати, оваа верзија на Nikon е нешто помала. Има опција за автоматско подесување, со вградена Wi-Fi поврзаност за олеснето споделување на фотографии. Овој модел е збогатен со систем за автоматско фокусирање со 39 точки што му овозможува задржување на фокус и на најмалите објекти, со широк распон на осетливост, брз процесор и екран на допир.
Sony a58 – достоен на познатите конкуренти
Sony a58 е претставен уште во 2013 година и оттогаш служи како достојна алтернатива на некои други познати модели. Збогатен е со единствена Translucent Mirror технологија која го насочува светлото кон главниот и одвоен сензор за автоматски фокус со што овозможува објектот на фотографијата да остане во фокус. Она што го прави достоен на своите конкуренти е камерата од 20,1 мегапиксели која постигнува и брзо фотографирање со висока резолуција и јачина од 8 слики во секунда. Дизајнот одговара на раката, а едноставноста во користењето го прави добар избор.
Canon Rebel SL1 – практичен и лесно пренослив
Овој модел е малку помал отколку што сме навикнати со регуларните фотоапарати, поради што е практичен и лесен за носење било каде. Збогатен е со побрз процесор и камера од 18 мегапиксели. Со овој апарат ќе ги зголемите границите на ISO распонот до 12 800, а лошото осветлување нема да влијае на вашите фотографии.