Кинези направија робот кој ќе им биде другар на осамените деца

- Advertisement -

Робот со големина на дете кој зборува кинески и англиски јазик, подучува математика, раскажува шеги и предложува игри неодамна беше претставен во Шангај, а е замислен како негувател на децата кои немаат со кого да си играат.

Роботот iPal е висок колку петгодишно дете, се движи на тркала, на градите има екран од таблет, а очите кои му се движат се опремени со технологија за препознавање лице, пишува Zimo.

- Advertisement -

„iPal е замислен како другар за деца. Кога децата ќе го видат нашиот робот, веднаш го прифаќаат како пријател, како друго дете во семејството“ вели Тингју Хуанг, соосновач на компанијата која го направи роботот, AvatarMind Robot Technology, основана пред четири години во Кина.

Роботот има бела боја со розови или сини шари, а на родителите им овозможува да разговараат со детето и да го надгледуваат кога не се дома со помош на сензори со кои слуша и ја набљудува околината. Чини околу 1.200 евра, а луксузниот модел со поголем екран и батерија со подолго траење има цена од околу 1.720 евра.

- Advertisement -

AvatarMind има во план да произведат робот кој ќе им прави друштво и на постарите луѓе, ќе ги потсетува да се напијат лекови или ќе се јави во болница доколку има потреба.

Сподели!
- Advertisement -