Шангај ги замени огнометите за Нова година со илјадници дронови

- Advertisement -

Најголемиот град во Кина ги замени традиционалните огномети со речиси 2.000 дронови за време на прославата на Нова година. Дроновите летаа над градот и формираа различни форми, пораки, па дури и фигура на човек што трча преку небото.

На дроновите беа поставени светла во повеќе бои,а ги контролираше централен компјутер кој беше програмиран да ги реди во посебни форми. Дроновите летаа во вторникот навечер над реката Хуангпу. Оваа иницијатива на Шангај е дел од растечкиот тренд да се бара алтернатива за огнометите, кои создаваат бучава и го загадуваат воздухот со чад, а може дури и да предизвикаат пожар.

- Advertisement -

Дроновите на кинеското небо формираа џиновски топки, потоа пишуваа текст за време на одбројувањето, а потоа формираа огромен човек кој трча по небото. Тоа беше симбол на промените и достигнувања кои Шангај ги направи во изминатите 40 години реформи.

Повеќе градови во Австралија ги откажаа огнометите поради пожарите кои беснеат низ земјата. Сепак, Сиднеј одлучи да го реализира својот традиционален огномет времен повеќе милиони долари.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -