CEED Hub Скопје го објави повикот за едукативната и развојна програма наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од Југозападниот или Пелагонискиот регион во Македонија.
Преку обуките во програмата, учесниците ќе научат разработка и ревизија на нивниот бизнис модел и идеја,, унапредување на бизнис моделот и планот за развој на претпријатието и основање на социјално претпријатие на здрава и сигурна основа, развој и јакнење на бизнис и менаџерски вештини, зајакнување на свесноста за можностите за соработка со традиционалниот бизнис сектор, вмрежување со други социјални претпријатија и носители на идеи за нивно формирање и претставување пред потенцијални инвеститори.
Работилницата ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни 2018-та година во Струга, а во рамките на проектот, „SE – Bridge“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија на Европската унија. Целта на проектот е зајакнување на социјалните претпријатија (СП) во прекуграничниот регион преку поддршка за формирање нови, зацврстување на нивните капацитети за раст и развој, но и на капацитетите на веќе постоечките социјални претпријатија. Воедно, проектот работи на овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор.
Главните критериуми за пријавување и избор на учесниците се:
- Кандидатите треба да бидат или поединци и тимови кои имаат идеја за започнување на социјално претпријатие, или претставници на здружение на граѓани, кооператива, занаетчија или комора на занаетчии, занаетчиски друштва, месна заедница и слично кои сакаат да започнат вакво претпријатие (бизнис кој најголем дел од профитот го реинвестира во остварувањето на некоја социјалната мисија);
- Кандидатите треба да имаат идеја за економска активност со јасно дефинирана социјална мисија, односно општествен проблем кој ќе го таргетираат со своите активности (сиромаштија, социјална исклученост, невработеност, заштита на животна средина, култура, образование и едукација и друго).
За учество во обуките, потребно е да се пополни апликацијата на следниов линк, најдоцна до 20-ти јуни 2018-та година.
Сите пријавени кандидати и кандидатки ќе бидат известени за резултатите најдоцна една недела по затворањето на повикот.
Најдобрите три учесници од програмите организирани во рамките на проектот ќе добијат грантови од по 3000 евра кои ќе треба да ги искористат за развој на своите новоформирани социјални претпријатија.
Вредноста на оваа едукативна и развојна програма е 1.000 евра, но во рамките на овој проект трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на проектот. Поради тоа, селектираните учесници не плаќаат никаков надоместок за учество.
Проектот „SE-Bridge“ се реализира во соработка помеѓу, Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија од Скопје, Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“,
Македонија од Скопје, Центарот за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“,
Албанија и CEED Албанија.
За подетални информации, контактирајте ја Ана Трповска на atrposka@ceed-macedonia.org и Александра Илоска на aleksandra@public.org.mk.