Instagram го надмина бројот од една милијарда корисници месечно

- Advertisement -

Кога Фејсбук го купи Instagram во 2012 година, многумина сомнително гледаа на оваа аквизиција и се прашуваа зошто Закерберг плати една милијарда долари за компанија која дотогаш не заработила ниту еден долар. Но, времето покажа дека ова беше брилијантен потег на шефот на Facebook, кој навреме го препозна целиот потенцијал на оваа социјална мрежа која се заснова на споделување на фотографии, па вредноста на Instagram одамна го надмина износот кој Цукерберг го плати за оваа компанија.

Информациите за бројот на корисници Instagram последен пат ги објави во септември 2017 година и тогаш оваа мрежа имаше 800 милиони активни корисници месечно, а вчера се пофалија дека таа бројката се зголеми за 200 милиони, а сега имаат една милијарда активни корисници месечно.

- Advertisement -

Ова е голем успех за оваа социјална мрежа, а иако од Facebook не споделуваат информации за приходите кои ги остварува Instagram, предвидувањата на компанијата eMarketer велат дека во текот на 2018 година само во САД ќе се остварат речиси 5,5 милијарди долари приходи, што е зголемување од 70% во споредба со минатата година, односно Instagram е заслужен за речиси една третина од сите приходи на компанијата.

Освен информациите за бројот на корисници, Instagram вчера официјално ја претстави апликацијата IGTV, преку која корисниците ќе можат да објавуваат подолги видеа во траење и до еден час, што е голем пораст, бидејќи до сега корисниците можеа да објавуваат видео записи во траење до една минута. Освен преку самостојната апликација, корисниците ќе можат до IGTV да пристапат директно од Instagram, а со зголеменото ограничување на времетраењето на видеата, Instagram ќе стане опасен конкурент на YouTube и може да привлече многу инфлуенсери, за кои YouTube е примарна видео платформа токму поради можноста за објавување на подолги видео клипови.

- Advertisement -

Исто така, со IGTV, се отвораат нови можности за Instagram за заработка од рекламирање, бидејќи во подолги видео клипови ќе може да се пласираат повеќе реклами. Оваа апликација ќе биде достапна за корисниците на Android и iOS во текот на наредните недели.

Сподели!
- Advertisement -