Безжичниот полнач на Apple, AirPower, ќе почне да се продава во септември

- Advertisement -

iPhone X, iPhone 8 и 8 Plus се првите уреди на Apple кои поддржуваат безжично полнење, а сега пристигнува и првиот безжичен полнач на Applе – AirPower, пишува Klix.ba. Кога Apple во септември минатата година ги претстави овие уреди го најави и безжичниот полнач AirPower. Овој полнач е посебен по тоа што може да полни неколку уреди одеднаш. На пример, одеднаш можат да се полнат iPhone X, Apple Watch Series 3 и слушалките Airpods.

Наводно, AirPower, првобитно требало да се појави во продажба во текот на јуни годинава, но поради различни технички проблеми не се реализирал тој план на компанијата, па продажбата веројатно ќе се одложи да во септември. Инженерите морале да бидат сигурни дека полначот, меѓу другото, нема да се прегрева. Со AirPower ќе стигне и куќиште за полнење на слушалките.

Сподели!
- Advertisement -