Вака ќе изгледаат летачките моторцикли на полицајците во Дубаи

- Advertisement -

Полицијата во Дубаи наскоро ќе пристигнува на местата на злосторство со летачки моторцикли. Дубаи ја има најнапредната полициска сила во светот. Тие веќе имаат автоматизирани роботи полицајци, а наскоро ќе ги добијат и моторциклите Hoversurf Scorpion-3.

Прототипот на летачките моторцикли го направи турскиот стартап за производство на дронови Hoversurf. Scorpion-3 е електричен летачки моторцикл кој изгледа како мешавина од дрон и моторцикл. Полицијата на Дубаи потпиша договор со Hoversurf за изработка на една цела флота вакви моторцикли.

- Advertisement -

Според достапните информации, овие моторцикли поставија светски рекорд во летање на височина – максималната височина на која можат да летаат е околу 28 метри. Но, поради безбедносни причини, тие ќе бидат програмирани за полицајците да можат со нив да летаат на височина од максимум 5 метри, додека максималната брзина ќе изнесува 70 км/ч.

Сепак, треба да се направат уште некои тестови пред да се вклучат летачките моторцикли во секојдневна употреба.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -