Facebook развива технологија која ќе им ги отвори очите на корисниците на фотографиите

- Advertisement -

Facebook ќе направи се за да ги охрабри корисниците на нивната социјална мреќа да споделуваат што повеќе содржини, а тоа сега ќе вклучува и употреба на вештачка интелигенција која ќе ги „спаси“ фотографиите на кои луѓето ги затвориле очите.

Имено, задача на технологијата ќе биде да ги спаси фотографиите на луѓето случајно трепнале и ги затвориле очите, пишува Klix.ba. Инженерите на Facebook сакаат да користат нова метода, односно вештачка интелигенција за да ги уредуваат фотографиите и да ги „отворат“ очите на корисниците кога ќе има потреба за тоа. Оваа метода моментално е во фаза на истражување и нема гаранции дека Facebook навистина ќе ја користи, но веројатноста е доста голема.

- Advertisement -

Како што истакнуваат истражувачите, веќе денес постојат многу алатки за уредување фотографии кои отстрануваат бројни недостатоци, така што има место и за алатка која го решава проблемот со затворените очи. Системот на Facebook користи метода на машинско учење наречена GAN (generative adversarial network) и веќе е употребен за создавање лажни славни личности, за промена на времето во видеата, па дури и задизајнирање облека. Трепкањето со очите воопшто нема да биде предизвик за оваа технологија. За да може да уредува фотографии, системот мора да научи како изгледаат човечките очи и да се вежба на фотографии на кои луѓето не трепкаат. Така софтверот го памети обликот и бојата на очите, па информациите ги применува на уредување фотографии на кои луѓето трепнале.

Сподели!
- Advertisement -