Сундар Пичаи, директорот на Google, ќе добие 240 милиони долари акции и плата од 2 милиони долари

- Advertisement -


Работата директор на една од најголемите компании во светот има свои тешкотии, но исто така е и една од финансиски најисплатливите. Сундар Пичаи, кој покрај оваа позиција ја презеде и функцијата директор на компанијата-мајка на Google, Alphabet, до 2023 година ќе оствари заработка од 240 милиони долари во акции.

Alphabet е основана во 2015 година во рамките на реструктурирањето на Google, која основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин ја основаа во една гаража во Калифорнија во 1998 година. Пичаи, пак, кој во Google влезе многу рано, ја зазеде директорската позиција во 2015 година, после реструктуирањето на компанијата. Тој речиси веднаш доби акции во вредност од околу 200 милиони долари.

- Advertisement -

Неговата заработка во акции, иако е зависна од финансискиот успех на компанијата во наредните години, речиси сигурно ќе го надмине претходниот рекорд од 200 милиони долари. Покрај тоа, почнувајќи од наредната година тој ќе прима и годишна плата од 2 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -