Јапонци направија дрон кој менува форми

- Advertisement -

Истражувачи од лабораторијата JSK на Универзитетот Токио го направија дронот DRAGON, кој е составен од неколку мали дронови и може да се трансформира додека лета. Овој дрон менува форми и тоа сам во однос на просторот кој го истражува.

Името на дронот е акроним од Dual-rotor embedded multilink Robot with the Ability of multi-deGree-of-freedom aerial transformatiON (двоен ротор вграден во робот составен од повеќе делови со способност за трансформација), односно DRAGON, пишува Klix.ba.

- Advertisement -

Дизајнот е направен на основа на традиционалните змејови во кои опашот е направен од неколку поврзани змејови, а во овој случај тоа се дронови. Секој дрон има неколку вентилатори кои се прилагодуваат во кој било правец.

Тимот од научници сега работи на поголем DRAGON, кој ќе има 12 модули и ќе може да се користи како летачка рака затоа што двата крајни дронови ќе бидат како пинцети кои ќе можат да фаќаат предмети. Ваквите дронови ќе може да се користат во индустриски цели или за спасувачки мисии.

- Advertisement -

„Овој модел може да се движи и по земја. Нашиот краен сон е да направиме летачки хуманоид, нешто како ненаоружан Железен човек“ велат истражувачите.

Сподели!
- Advertisement -