Град Скопје набавува 40 нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје

- Advertisement -

Јавното сообраќајно претпријатијe „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката за набавката е почната вчера. Тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.

Од вчера официјално ја почнавме постапката за набавка на 40 нови еколошки автобуси на гас кои ќе го променат јавниот транспорт во градот и нема да ја загадуваат околината. Управниот одбор со поддршка на ЈСП и Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони денари со еден отсто камата, три години грејс период и седум години отплата, а за кое задолжување ја добиваме и државната гаранција.“, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Тој додаде дека очекуваат наесен со консултанти од ЕБРД да го распишат тендерот за набавка на автобусите, а договорот за новите автобуси ќе биде потпишан до крајот на оваа година.

- Advertisement -

„Наша цел е две третини да бидат зглобни нископодни автобуси. Скопје заслужува најмодерни технолошки решенија. Новите автобуси ќе трошат двојно помалку, а најголемата предност е што емитуваат значително помалку ПМ 10 честички во амбиенталниот воздух. Дури 90 проценти емисијата на штетни гасови е помала од дизел автобусите“, додаде Шилегов.

Сподели!
- Advertisement -