Креативно дуо од Загреб продава ретро видеоигри ширум светот

- Advertisement -

Александар Гавриловиќ и Игор Колар се креативно дуо кое го сочинува стартапот Gamechuck Studio кој настанал и функционира во склоп на Технолошкиот парк Загреб. Преку својата работа, тие се обидуваат да понудат иновативно искуство на играње видеоигри.

Тие креираат ретро видеоигри кои се наменети за светскиот пазар. Нивната работа е меѓународно препозната и наградена на фестивалите AZplay во Билбао, Filmteractive во Варшава и Casual Connect во Лондон.

- Advertisement -

„Игор и јас се запознавме во студентско здружение каде заедно учествувавме на натпреварот Best Code Challenge и направивме аркада на која студентите од Факултетот за електроинженерство и информатика можеа да играт видеоигри. Сфативме колку се популарни таквите игри и откако дипломиравме, се впуштивме во „гејмерските“ води.“, изјавил Александар Гавриловиќ за Poslovni Dnevnik.

Изјавиле дека бизнис климата во Хрватска нема големо влијание на нивната работа бидејќи продуктите ги пласираат во странство. Според нив, видеоигрите во Хрватска се релативно млада индустрија, но и покрај тоа, по брзината на развојот ги надмина филмската и музичката индустрија, поради што еден од најголемите предизвици е наоѓањето кадри.

- Advertisement -

Иако почнале да работат од дома, моментално се дел од инкубаторска програма на Технолошкиот парк Загреб каде добиле и канцеларии за работа, а посебно ја истакнале можноста за соработка која ја имаат во паркот со други стартапи.

„Често пати се случува по некој ентузијаст да ни влезе во канцеларија каде разговараме и добиваме совети. Во зависност од финансиската ситуација, планираме да го прошириме тимот со програмери и цртачи.“, додале Гавриловиќ и Колар.

- Advertisement -

Ваквите добри примери се потребни за да ги поттикнат и помладите програмери и ентузијасти да се обидат да спроведат некоја од своите идеи за производ или бизнис, особено во индустријата на видеоигри која моментално е во пораст секаде во светот.

Сподели!
- Advertisement -