Автомобилот C_Two на Хрватот Мате Римац е прогласен за еден од најбитните автомобили на 2018 година

- Advertisement -

Иако до крајот на 2018 година има уште доста време, веќе првите шест месеци донесоа големи промени на пазарот за автомобили. големите производители на автомобили се повеќе се вртат кон електричните и хибридните возила, како и кон нови и паметни технологии. Така, списанието TopSpeed ги избра шесте автомобили кои според нив се најбитни годинава. Во тоа избрано друштво е и моделот C_Two на Мате Римац.

Списанието го нарече хрватскиот автомобили „еурека момент на годината“. И покрај сите луди перформанси кои Римац му ги даде на C_Two, автомобилот има уште неколку битни цели – да ја стави компанијата во центарот на вниманието, да го промовира електричниот погон, автономното возење и на Римац да му обезбеди големи договори. И секако, да го победи Tesla Roadster.

- Advertisement -

Да потсетиме дека по претставувањето на автомобилот во Женева, Римац за само три недели успеа да ги продаде сите 150 автомобили од серијата и тоа по неверојатна цена од дури 2,1 милиони долари. Од списанието не пропуштаат и да го истакнат договорот на Римац со Рorsche, кој го нарекуваат голема инвестиција на еден од најголемите, ако не и најголем играч на полето на спортските автомобили.

Останатите автомобили во топ шест според Top Speed се BMW 8 Coupe, Volvo S60, Mercedes-AMG GT, Aston Martin DBS Superlegger и Peugeot 508.

Сподели!
- Advertisement -