Huawei патентираше часовник со вградени слушалки

- Advertisement -

На идниот мобилен конгрес во Барселона MWC, Huawei можеби ќе го лансира новиот паметен часовник Huawei Watch 3, кој ќе има нешто посебно за разлика од конкуренцијата. Имено, Huawei патентираше преносен уред кој во себе има вградени Bluetooth слушалки.

Во описот на патентот се наведуваат неколку можни решенија, вклучувајќи поврзување на слушалките со магнет на каиш, поставување на слушалките во малото куќиште или во водоотпорна капсула со механизам со прижина сместена од бочната страна на часовникот, пишува Vidi.hr.

- Advertisement -

Патентот е одобрен, што секако не гарантира дека Huawei навистина ќе го лансира паметниот часовник со вградени слушалки, но можеби ќе го претстави на некој од претстојните саеми и настани.

Сподели!
- Advertisement -