Netflix ја надмина традиционалната телевизија и официјално стана најпопуларното средство за гледање телевизиски серии во САД, покажало истражувањето на финансискиот сервис Cowen & Co.
Како што пренесува Klix.ba, овој сервис се искачи над американските кабелски оператори, радиотелевизиските емитувања, YouTube и останатите сервиси и претплатнички услуги.
На анкетата спроведена неодамна, околу 2.500 Американци требало да дадат одговор на прашањето „Кои платформи ги користите најчесто за гледање на телевизиски содржини?“, од кои 27,2% го избрале Netflix.
Истражувачите потенцираат дека овој процент е повисок кај помладата популација, па така од учесниците во анкетата кои се на возраст од 18 – 34 години, дури 39,7% го избрале Netflix како прв избор за гледање телевизиски содржини.
Ваквиот резултат, според истражувачите, се темели на заложбите на Netflix да произведува изворна содржина, а најавено е дека само оваа година ќе произведат 1.000 нови телевизиски серии.