Новиот автомобил Audi E-Tron има паметни странични ретровизори

- Advertisement -

Електричниот автомобил E-Tron SUV на Audi летово ќе биде лансиран во Америка, а при крајот на годината и во Европа. Се уште е во фаза на концепт, но привлече доста внимание со своите напредни високотехнолошки решенија, меѓу кои се и паметните странични ретровизори.

Наместо класичните странични огледала, електричниот автомобил има 7-инчни монитори, кои се вградени во вратите и се споени на бочните камери кои ги заменуваат огледалата. Технологијата овозможува зумирање и вртење на камерите во разни правци преку екранот на допир за да можете да видите слика од различни агли, како што може да се види и од видеото подолу.

- Advertisement -

Трапезодините екрани овозможуваат возачите да користат три вида поглед за три различни ситуации, односно за возење на автопат, за вртење и за паркирање, а дополнителна корист на камерите кои ги заменуваат огледалата е аеродинамиката.

Сподели!
- Advertisement -