Музејот на виното во Демир Капија меѓу топ дестинации на туристите

- Advertisement -

Музејот за вино во Демир Капија е интересен за домашните и за странските туристи, изјавија проект менаџерот Звонимир Будимировиќ и кустосот Цветанка Митрева, информирајќи за активностите во оваа културна институција.

„Од музејските поставки кои сведочат за историјата, традицијата и културата на производство и преработка на грозје на овие простори се воодушевуваат и младите и старите. Се интересираат и за природните реткости и ресурси околу Демиркаписката клисура како камено царство, ридот со кактуси, околните пештери, белоглавите орли итн.“, појасни Будимировиќ.

- Advertisement -

Од странците, во овој период најбројни биле туристите од Германија и Србија.

„Сите што доаѓаат, сакаат да ја слушнат винската приказна крај железната порта и да научат нешто повеќе за винските патишта. Се работи за гости кои се дел од туристички тури, кои се во обиколка на атрактивни места во Македонија.“, рече Митрева.

- Advertisement -

Тие изразија надеж дека бројот на посетители ќе се зголемува, особено во ова време од годината, кога голем број туристи транзитираат по автопатот Демир Капија-Смоквица.

Музејот постои веќе осум години, а го имаат посетено околу 15.000 туристи. Според надлежните од институцијава, музејот е влезен во туристичките понуди на Србија, Франција, Австрија, Холандија, САД, Полска, Јапонија и Унгарија.

Сподели!
- Advertisement -