11. Weekend Media Festival ќе се одржи од 20 до 23 септември во Ровињ

- Advertisement -

Weekend Media Festival по единаесетти пат, ќе се одржи оваа година, од 20 до 23 септември во старата фабрика за тутун во Ровињ и ќе собере професионалци од комуникациската индустрија од целиот регион. Во предавањата, трибините и работилниците ќе бидат опфатени сите актуелни теми и трендови, од политиката и дигитализација на литературата и експедиција на Јужниот Пол, поради што сигурно нема да недостасуваат жестоки дебати.

Томо Рицов

„Фестивалот оваа година ни носи навистина разновидни теми на предавања и панели, како и многу интересни фестивалски партнери, Франција и Германија. Целата стара фабрика ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин и сите посетители ќе можат да уживаат во оваа култура, уметност и начин на живот.”, вели Томо Рицов, директор на фестивалот.

Адрис групата и оваа година продолжува да биде сигурен партнер на фестивалот кој во своите десет години на постоење се етаблираше како омилено собиралиште за сите професионалци и љубопитни отворени за нови знаења и искуства во индустријата за комуникации.

- Advertisement -

„Адрис е домаќин и спонзор на Weekend Media Festival од првиот ден. Оваа соработка за нас е од неколку значења. Годишно организираат повеќе од 130 конференции и настани од кои Weekend Media Festival е секако најголемиот, најпознатиот, најдолговечниот настан со кој сѐ започна пред десет години. Со инвестиции од 4 милијарди долари во развој на туристичката понуда на највисоко ниво, создадовме услови Ровињ да стане пожелна и препознатлива дестинација за настани во регионот и во светот, за што многу придонесе фестивалот, кој во Ровињ носи голема креативна енергија и најновите светски трендови во индустријата за комуникации, а привлекува неколку илјади посетители, со што значително се продолжува туристичката сезона.“, рече Кристина Милјавац од корпоративните комуникации на Адрис група.

Најочекуваниот викенд, во своите првите десет години се позиционираше како омилено собиралиште за сите професионалци од индустријата за комуникации, а во втората декада ќе продолжни со поинтересни програми и атрактивни награди за најдобрите агенции во регионот. Дел од богатата програма ќе биде посветена на земјите-партнери кои ќе ги презентираат парискиот шарм и берлинскиот мултикултурализам преку предавањата и изложбите.

- Advertisement -
Никола Врдољак

„Фестивалот традиционално ги истражува промените на пазарот на локално и на глобално ниво, и ние се обидуваме да истражиме малку подлабоко под површината на она што се случува околу нас. И оваа година собравме експерти од различни области кои ќе разговараат за теми кои ќе нè натераат да размислуваме. Од самиот почеток нашата цел беше да станеме место за креативност, да понудиме информации за нови трендови и дискусии за теми релевантни за комуникациската индустрија. Мило ми е што денес така нѐ доживуваат.“, изјави Никола Врдољак, директор на фестивалот.

„Дали ме шпионира мојот мобилен телефон?“ е прашањето што секој си го поставил барем еднаш откако мобилните телефони станаа паметни. Што може да направат нашите телефони без наше знаење и дозвола ќе открие од Ален Делиќ, водечки консултант за информатичка безбедност во компанијата Diverto, на тема „Дали имате доверба во вашиот телефон?”.

- Advertisement -

 

Претставник на најверојатно најдигитализираната земја во светот, Естонецот Кале Палинг, преку своето предавање „Дигитална Република Естонија“ ќе зборува за тоа какво е чувството кога со животот управувате онлајн, додека пак Дејан Верчиќ, партнер и директор за знаење на словенечката компанија Stratkom ќе зборува за „Комуникацијата после зборовите“, со цел да раскаже како комуникацијата се враќа на самиот почеток – преку слика – и како таа влијае врз комуникацијата денес.

Ќе се одржи и мултимедијално предавање на тема „Поларен сон – првата хрватска експедиција на Јужниот Пол“ од Давор Ростухар, хрватскиот најпознат авантурист, кој ќе покаже како да се поместат границите и преку кои сите мора да поминеме со цел да ги оствариме нашите соништа. Предавањето „Агрокор – дали медиумите му помогнаа или не на Lex Агрокор” ќе ги анализира извештаите од Lex Агрокор и кризата околу падот на Агрокор што придонесе и кон исчезнувањето на Unex кој од згаснувањето на Digitel скоро и да нема релевантна конкуренција на пазарот на реклами. Како исчезнувањето на Unex влијае на медиумскиот пазар, кој профитирал и кој изгубил, ќе дознаеме во панелот „Животот после Digitel и Unex”.

 

Клучни луѓе од регионот ќе дискутираат на темата „Парите никогаш не спијат: реструктуирање на медиумскиот пејзаж” и ќе ги анализираат преземањата што го променија медиумскиот пејзаж и што значи тоа за понатамошен развој на медиумите, додека водечките комуникациски советници на премиерите и претседателите во регионот ќе зборуваат на панелот „Западно крило – како да го советуваме претседателот“ за важноста на улогата на ПР професионалци во кариерата на политичарите и ќе откријат колку навистина им влијаат и ги слушаат.

Кристијан Новак, најбараниот хрватски автор на денешницата, на неговото предавање ќе раскаже како од анонимно момче од регионот Меѓумурје, дојде до листата на училишни лектири.

Оваа година, како дел од Weekend Media Festival ќе се одржи и BalCannes, а агенции од земјите од регионот ќе можат да ги пријават своите проекти до 1 септември 2018 година. На седмото издание на BalCannes ќе се изберат 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобрите меѓу нив ќе добијат специјална награда од жирито, BalCannes лав, додека најдобрата агенција во регионот се очекува да добие специјална награда – натпреварување на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions 2019. Организаторите на BalCannes, Хрватското здружение за пазарна комуникација и Weekend Media Festival, за најдобрата агенција ќе ги покријат трошоците за пријавување на еден проект на Cannes Lions 2019.

Најважната регионална дигитална награда, SoMo Borac, оваа година ќе биде доделена на Weekend Media Festival во Ровињ, а ќе дознаеме кој имаше најдобри кампањи на социјалните мрежи, кои се најдобрите веб-сајтови и мобилни апликации и кој доминираше во контент маркетинг. Оваа награда се доделува во девет категории, а најдобрите од нив ќе ги избере жирито од дигитални експерти од најистакнатите агенции во регионот. Апликациите се веќе отворени и ќе траат до 5 септември.

Освен по конструктивните и понекогаш провокативни дискусии за трендовите во индустријата на комуникации, Weekend Media Festival е познат и по најдобрите забави. И оваа година очекуваме различни музички програми и дружење долго во ноќта.

Сподели!
- Advertisement -