Лидија Ангелкова: Започни нешто свое со Битола стартап центар!

- Advertisement -

“Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место”. Со оваа порака ПРЕДА Плус Фондацијата есенва го започна новиот циклус обуки со кој поттикна млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион.

Разговаравме со Лидија Ангелкова, координаторка на програмата за поддршка на старт-ап компании во ПРЕДА Плус Фондацијата.

- Advertisement -

„И од Битола се може“ е проект на ПРЕДА Плус Фондацијата кој изминатите три години ја размрда старт-ап сцената во регионот на Пелагонија. Која беше визијата кога го започнувате, а каде сте денес?

Визијата за работа со стартапи, ПРЕДА Плус ја започна уште пред пет години кога со швајцарска поддршка фондацијата работеше на поддршка на повеќе значајни играчи од стартап сцената. Во тој период за прв пат се лансираа услугата за бизнис симулација во Сивус Центарот за едукација и  услугата за валуација на стартапи во Seеu Тech Park во Тетово. Во тој период евидентен беше недостатокот на ваков вид на поддршка во Пелагонискиот регион кој несомнено има потенцијал за негување на стартапи кои се новите двигатели на економијата. Битола е втор ИТ хаб во државата и има потенцијал за развој на брзорастечки бизнис идеи. И така се роди приказната и ја негуваме до денес идејата за „И од Битола се може(и)“.

- Advertisement -

Од октомври до декември 2020, ПРЕДА Плус ја реализираше третата по ред програма за поддршка на стартапи ”И од Битола се може(и)”. Според нашите сознанија и досегашните искуства можеме да кажеме дека битолчани имаат иновативни идеи и потребна им е поддршка за реализација на истите. Освен финансиските средства кои се неопходни за започнување на бизнис, повеќе од неопходно е адекватно водство на новите претприемачиво процесот на претворање на нивните бизнис идеи во реални бизнис модели. ПРЕДА Плус со својата експертиза се вклучува токму во оваа иницијална фаза каде од бизнис идеја претприемачите го развиваат нивниот бизнис модел. Преку специјално развиена менторска програма со употреба на бизнис модел Канвас, како алатка за развој на бизнис идеја, учесниците во стартап програмата добиваат професионални насоки и поддршка за креирање на бизнис моделите како и подготовка за јавна презентација на бизнис идејата пред потенцијални инвеститори. Во склоп на програмата новите претприемачи имаат можност да слушнат клучни информации за актуeлни теми од светот на стартап бизнисот презентирани од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем кои преку теоретски примери и практични насоки носат нови знаења и искуства и ги подготвувааат за предизвиците во реалното претприемничко опкружување.

Во претходните програми на Преда плус се креираа вкупно 25 бизнис идеи од кои пет стартапи лансираа бизниси, два стартапи веќе користат други финасиски инструменти за поддршка и развој, 1 стартап направи платформа на која до денес се имаат истргувано над 7 милиони долари, а пет учесници од нашите програми започнаа корпоративна кариера во други компании. Досегашните резултати ни даваат мотив да ја продолжиме нашата досегашна работа и да продолжиме да им овозможуваме на битолчани своите иновативни бизнис идеи да ги претворат во реални бизнис модели. 

- Advertisement -

Годинава проектот доби поинаква димензија, вклучен е во една поширока рамка на соработка со партнер организации. За што станува збор?

Оваа година стартап програмата на Преда плус се реализира под капата на локално партнерство за вработување ЛПВ- Битола стартап Центар. Ова партнерство за вработување се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, со финасиска поддршка од Европска унија. Општина Битола е единствена општина, избрана помеѓу 12 апликации од различни општини, која го имплементира овој пилот проект во Република Северна Македонија

Локалното партнерство за вработување се појавува точно во клучен момент кога на Битола и е потребно раздвижување на економијата и поттикнување на можностите за вработување. Во ситуација во која што се наоѓаме, соочени со сите предизвици предизвикани од Ковид 19, оваа заедничка иницијатива е уште позначајна бидејќи вклучува соработка на јавни институции, приватен сектор и невладини организации и покажува волја и соработка на локално ниво за решавање на клучни прашања. 

Новина во оваа програма е што за прв пат во нашиот регион, најдобрите стартап идеи ќе добијат финансиска поддршка за стартување на своите бизниси.  Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизнис идеи изнесува околку 1,5 милион денари и ќе се реализира преку две грантови шеми на Битола Стартап Центар.

На 14 декември 2020 со организација на Демо Ден, заврши реализацијата на првата старт ап програма во склоп на партнерството. Вкупно 12 бизнис идеи ги презентираа своите бизнис идеи , а на најдобрите четири добија грантови во износ од 185.000 денари.

Среќни што имаме чест оваа соработката на локално ниво да биде препознаена од МОТ и ЕУ и да претставува примерза останатите општини. Најискрено верувам во капацитетите на сите партнери вклучени во реализацијата на проектот и сметам дека ќе ја оправдаме дадената доверба со испорачани резултати кои ќе ги зголемат можностите завработување во Општина Битола.

 Есенва го распишавте првиот повик и водевте интензивна кампања која беше визибилна привлекувајќи голем број на апликанти. Ова е сепак година на лоши случувања заради здравствената криза со Ковид-19, на која многумина се жалеа. Но, Вие имавте добри резултати. Како успеавте?

Морам да кажам дека многу е важно доколку во предизвиците успеете да видите можности и решенија. Реализицијата на програмата на ПРЕДА Плус е резултат на посветена тимска работа, професионални, искусни ментори и тренери како и меѓусебна инспирација. Малиот тим посветени и инспиративни луѓе полни со ентузијазам и верба во вакви времиња на колективна летаргија и безизлезност успешно креираа позитивна реалност на која сме сведоци сите. 

Од друга страна, учесниците во програмата, со својот ентузијазам и посебност донесоа допонителна инспирација на сите вклучени ментори и тренери во оваа програма, со што сите коцки едноставно се склопија. Оваа генерација на учесници во стартап програмата е најдобрата од вкупно тридосегашни геренации на програмата “И од Битола семоже(и)” што само дава надеж дека сме на вистинскиот патда креираме можности и да инспирираме на успех. Овие луѓе не се плашат да сонуваат и храбро се фаќаат во костец со сите предизвици, гледајќи решенија во секоја пречка на патот. Беше особено задоволство и радост да се работи со сите.

Преку онлајн апликацијата добивме вкупно 56 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 20 бизнис идеи, кои беа вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Во период од три месеци, избраните бизнис идеи добија 336 часови вкупно време посветено за поддршка и развој на бизнис идеите од кои 200 часови менторство, 36 часови тренинзи, 100 часови заеднички сесии и онлајн предавања на zoom платформата, што резултираше со презентација на 12 бизнис идеи на завршницата на стартап програмата – Демо Ден.

Какви се старт-ап бизнис идеи продефилираа низ процесот на тренинг и менторирање?

Во програмата се развиваа најразлични идеи кои понудија решенија за проблеми од различни области, почнувајќи од понуда на уникатни производи и услуги за локалниот пазар, како храна и пијалоци, уникатен дизајн на облека, понуда на услуги за личен развој, па се до дигитализација и осовременување на постоечки бизниси, он лајн платформи за решавање на актуелни проблеми,  иновативни технологии за мобилни апликации како и аутсорсирање на финасискиуслуги. Од вкупно 20 бизнис идеи кои бе вклучени во програмата, 12 бизнис идеи беа целосно развиени и презентирани на завршниот Демо ден. 

Ангаживате респектабилна листа на ментори и тренери. Колку е тоа значајно за испорачување на резултати и колку апликантите беа задоволни од процесот. Имате ли направено евалуација од самите учесници?

Менторите и тренерите се всушност клучната алка во целиот процес од програмата. Изборот на ментори и тренери е гаранција за успешност на програмата. Менторите и тренерите освен што несебично споделуваат знаењето и искуството со учесниците во програмата, тука се дополнително да ги мотивираат новите претприемачи,да им ги истакнат силните страни, да им ја зголематсамодовербета и да ги научат како најдобро да гипрезентираат и реализираат своите бизнис идеи. Методологијата на работа на менторите и тренерите во програмата не нуди готви инстант решенија за бизнис успех, туку ги води претприемачите низ еден процес на подобрување на бизнис идеите преку соочување со предизвиците и слабите страни и креирање на нови уникатни решенија. Изборот на менторите и тренерите во нашата програма е диверзифициран и го сочинуваат професионалци со различно искуство, академско или претприемничко, со што на некој начин успеваме да понудиме избалансирано уникатно знаење, искуство и пристап за нашите нови претприемачи. Стартап програмата крирана во менторската програма од четири основни модули и тренинг програма од шест актуелни теми нуди едноставен увид во главните принципи за успешно започнување и водење на бизнис, особено во турбулентно, непредвидливо и комплексно окружување со цел новите претприемачи реално да се оспособите и да ја согледате големата слика. Преку програмата учесниците имаат можност да го дефинираат бизнис моделот, да ги изградат потребните вештини за водење на идниот бизниси да ги зголемат можностите за вмрежување и пристап до потенцијални инвеститори.

Според изјавите на учесниците на крајот од реализацијата на програмата, генерално сите без исклучок ја истакнуваат важноста од квалитетот на менторите и тренерите во програмата, поддршката и ниваната заложба да ги мотивират поттикнуваат да бидат упорни и поосветени во целиот процес на креирање на бизнис идејата. Од несомомнено голема важност за сите нив се информациите, знаењата и вештините со кои се здобија во краток временски период.  

Морам да спомнам дека иако менторските и тренинг сесиите главно се одвиваа преку он лајн платформи, меѓусебното споделување на идеите, вмрежувањето и размената на позитивна креативна енергијата помеѓу учесниците на програмата создаде една поттикнувачка атмосфера која даде дополнителен развој и напредок на сите бизнис идеи вклучени во програмата. 

Завршницата на процесот беше Демо Денот. Кај нас ваквите настани се ретки, но светот ги практицира. Кои се резултатите?

ДЕМО ДЕНОТ е круна на двомесечната интензивна работа со нашите стратапи и во овој случај почеток на уште 12 нови стартап приказни. Во серија од 5 минутни презентации, 12 нови старт-ап идеи го дадоа својот својот максимум пред критична публика од инвеститори и извршни директори.

Настанот се одржуваше во просториите на Битола старт-ап центарот, организиран според протоколитите за заштита од Ковид 19 и истиот беше пренесуван преку лајфстрим на ФБ фан страната на Преда плус. 

Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии со долгогодишно искуство во светото на финасиите и претприемништвото. 

Еве ги наградените старт-ап проекти:

• 3/4 етно на Јасмина Василевски
• Благите на баба на Светлана Папачек
• Б6 beer bar на Ана Котевска
• ORION smart unlock на Никола Ковачевски

Кои се плановите за 2021 година?

Кон средината на jануари 2021 Преда плус планира да го лансира вториот повик за аплицирање со бизнис идеи во програмата за поддршка на стартапи на Преда плус И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И). Процесот на аплицирање ќе се одвива он лајн преку едноставна гугл форма. Повикот за аплицирање ќе биде навремено искомунициран преку ФБ страната на Преда плус, Битола Стартап како локални и национални медиуми и портали. Условите за аплицирањекако и процесот на аплицирање дополнително ќе бидат објаснети во самиот повик.

Процесот на аплицирање ќе трае до средината на месец февруари, по што ќе следува процес на евалуацијата и селекцијата на учесници за учество во стартап програмата.  Вкупниот број учесници кои ќе бидат селектирани за учество во програмата е 20. Реализацијата на програмата планирано е да започне на почетокот на месец март и да заврши во месец мај. Како и претходната програма и оваа програма предвидува 200 часа менторска поддршка, 36 часа тренинг услуги, два настани за вмрежување и Демо ден за презентација на бизнис идеите.  Бизнис идеите ќе се натпреваруваат за гранови во вкупен износ од 740.000 денари. Ќе бидат доделени четири грантови по 185.000 денари за најуспешните бизнис идеи презентирани на Демо Ден во мај. 

Сподели!
- Advertisement -