НАСА обучува 17-годишно девојче за живот на Марс

- Advertisement -

Додека многумина сонуваат да патуваат во вселената, за 17-годишната астронаутка Алиса Карсон сонот ќе стане реалност. Амбициозната тинејџерка од Луизијана уште од мала се одушевувала од ѕвездите. На само 3-годишна возраст на татко и му рекла дека сака да биде астронаут и да појде на Марс. До денес останува верна на своите сништа и моментално е на ригорозен тренинг во НАСА со цел да стане дел од првата човечка мисија на Марс во 2033 година, пишува My Modern Met.

Меѓу другите достигнувања, Карсон е најмладата личност која дипломирала од Академија за напредни вселенски науки. Исто така, е прва во светот која поминала три кампови на НАСА (САД, Канада и Турција). Понатаму, таа е првата и единствената личност која ја комплетирала програмата NASA Passport Program и ги посетила сите 14 центри на НАСА во девет сојузни држави на САД.

- Advertisement -

Во јануари 2013 година таа била повикана да учествува на панелот на NASA TV во Вашингтон и да дискутира за идните мисии на Марс. Подоцна е избрана како еден од седум амбасадори за мисијата Mars One, која има за цел да ја воспостави првата човечка населба на Црвената планета во 2033 година. Во октомври 2016 година таа стана најмладата личност која е официјално сертифицирана за патување во вселената.

И покрај сите тие извонредни достигнувања, Карсон наоѓа време и за традиционално образование. Моментално сите предмети ги изучува на четири јазици (англиски, кинески, француски и шпански). „Најголемиот предизвик ми е времето и да завршам се додека истовремено одам во гимназија. Постојаните тренинзи на толку млада возраст се дополнителен предизвик за мене, но досега одлично се снаоѓам“ вели Карсон.

- Advertisement -

Кога не е на тренинг или не учи, Карсон е јавен говорник. Таа сака да ги охрабри другите млади луѓе да ги следат своите цели во животот. „Секогаш следете си го сонот и не дозволувајте никој да ве одврати од тоа“ порачува Карсон.

Сподели!
- Advertisement -