Автономните автомобили ќе имаат животен век од само 4 години!

- Advertisement -

Иако ќе почекаме уште некое време додека автономните автомобили станат секојдневие на патиштата, многу експерти се сложуваат дека иднината навистина им припаѓа на беспилотните автомоби со кои наместо луѓе, ќе управуваат компјутери. Една од последиците на таквата радикална промена во автомобилксата индустрија ќе се одрази и на поседувањето автомобил и луѓето се помалку ќе купуваат возила, а ќе ги користат само кога навистина им требаат. Ќе се нарачуваат преку апликација како што денес се нарачува Uber.

Изнајмувањето возила по потреба треба да биде поевтино и поефикасно за корисниците затоа што нема да мора да плаќаат трошоци за купување на возилото, регистрација, одржување, бензин итн. но денес толку многу сме навикнати на купување и поседување сопствено возило што моментално нешто такво ни звучи невозможно. Дел од аналитичарите стравуваат дека таквите такси сервиси, поради кои ќе престанат да купуваат сопствени автомобили, ќе се одразат негативно на целата индустрија затоа што поради нив може да падне продажбата на возила.

- Advertisement -

Од Ford сметаат дека не треба да се грижиме за пад на продажбата на автомобили.  Додека луѓето денес возат автомобили стари 10, некогаш и 20 години, беспилотните автомобили треба да имаат многу пократок век на траење. Бидејќи се замислени за целодневно користење, нема да поминуваат повеќе време на паркинзите како обичните автомобили, тие ќе се „трошат“ многу повеќе и во тоа кратко време што ќе се користат ќе поминат поголема километража отколку што поминуваат денешните автомобили за 10 години.

Ford има посебен оддел за развој на автономни автомобили и технологија и нивната цел не е продажба на тие возила на приватни корисници, туку сакаат да основаат автономна флота која ќе се користи како сервис и ќе биде наменета за компании кои ќе ја користат за достава, превоз на вработени и слично.

Сподели!
- Advertisement -