Овој парк на вода во Холандија е направен од пластичен отпад

- Advertisement -

Повеќе од 90 квадратни метри пластика, која ќе завршеше во океан, доби втор живот во Ротердам, Хиоландија На 4 јули 2018 година фондацијата Recycled Island Foundation го отвори за јавноста својот прототип – пловечки парк на вода направен целосно од рециклиран пластичен отпад и соодветно именуван Recycled Park.

Според холандското Министерство за инфраструктура и животна средина, повеќе од 1.000 кубни метри пластичен отпад секоја година се траспортираат до реката Меза, а преку неа и во Северното Море. Пластиката доаѓа од депонии, од земјоделци, од канализација, а до реката стигнува на повеќе начини, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

Наместо да дозволат пластиката да дојде до океан, фондацијата Recycled Island Foundation и 25 партнери го создадоа паркот Recycled Park – јавна површина во Ротердам составена од пловечки платформи направени од рециклирана пластика. Тимот има поставено „стапици“ по должината на реката Меза за да го лови отпадот, кој потоа се собира и се трансформира во платформи за паркот.

Проектот Recycled Park се фокусира на реката Меза затоа што има голема количина отпад, кој е понов во споредба со другите водени површини, па полесно може да се преработи. За да се направат платформите пластиката се испраќа до Универзитетот Вагенинген, каде што се вршат истражувања за ефективни техники за рециклирање. Оттука, платформите се прават со компанијата HEBO Mariteimservice, која, всушност, и го вади отпадот од реката. 

- Advertisement -

Но, платформите немаат само за цел да го намалат загадувањето со пластика, туку служат и како живеалишта за див свет. Растенија се посадени над и под површината, со кои се хранат рибите под вода и во нив можат да несат јајца.

По отворањето на прототип паркот организацијата сега размислува за опции за ширење. Крајната цел е да се вклучат неколку типови пловечки платформи во паркот и да се најде некоја постојана локација за собирање пластика од пристаништето.

Сподели!
- Advertisement -