Adidas од 2024 година ќе ги прави сите патики од рециклирана пластика

- Advertisement -

Adidas планира да ја прошири употребата на рециклирана пластика. Производителот на спортска опрема вети дека почнувајќи од 2024 година ќе користи само рециклиран полиестер за сите обувки и за облеката. Иако од компанијата не наведоа други детали, велат дека ќе се потрудат транзицијата да не влијае на нивниот профит. Ова, секако, не е мал залак за Adidaѕ затоа што половина од материјалите кои се користат за изработка на производите се полиестер, па префрлањето на одржливи ресурси нема да се случи преку ноќ.

Рециклираниот полиестер е 20% поскап од новиот и може да се случи дане може да се процесира доволна количина за потребите на Adidas. Сепак, од компанијата очекуваат со усовршувањето на техниката цената постепено да се намалува, пишува Engadget.

- Advertisement -

Adidas не е единствената компанија која се префрла на рециклирана пластика. Модниот бренд на Стела Мекартни сака да престане да користи нов најлон до 2020 година. Сепак, ова е неистражена територија за компанија со големина на Adidas и може да има значителни ефекти врз достапноста на рециклираната пластика во целата индустрија за облека и обувки. Од друга страна, оваа транзиција е добра за имиџот на компанијата. Еколошкото производство е од суштинско значење за намалување на пластичниот отпад од океаните.

Сподели!
- Advertisement -