АД Европа освои златен медал QUDAL за квалитет

- Advertisement -

АД Европа Скопје освои најголем број гласови што ѝ донесе златен медал во категоријата Вафли во најновото истражување на пазарот за QUDAL – QUality meDAL General III 2018/2019 спроведено во Република Македонија во април, 2018 година.

Дигиталниот сертификат за ова признание можете да се погледнете на следниoт линк.

- Advertisement -

Компанијата го доби истото признание за највисок квалитет и во 2016 година во две категории Бонбони и Вафли.

Истражувањето за QUDAL – QUality meDAL, кое го спроведува меѓународната организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH, го мери исклучиво искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за снабдувачите и производителите кои нудат апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот.

- Advertisement -

Швајцарската организација ICERTIAS – International Certification Association GmbH во април 2018 година го спроведе наведеното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL General III Macedonia 2018/2019 преку интернет-анкета.

Сподели!
- Advertisement -