Во пресрет на Денот на планетата Земја, сè повеќе се наметнува потребата од одговорен однос кон животната средина и вложување во решенија што придонесуваат за одржлив развој. Во таа насока, зелените кредити стануваат важен инструмент за поддршка на граѓаните и домаќинствата во нивната транзиција кон енергетска ефикасност.
Зелените кредити се наменети за финансирање на инвестиции кои го намалуваат влијанието врз животната средина и овозможуваат значителни заштеди на долг рок. Тука спаѓаат вложувања во енергетски ефикасни прозорци и врати, изолација, инвертер клима уреди, соларни панели, како и други решенија кои ја намалуваат потрошувачката на енергија.

Покрај позитивниот еколошки ефект, ваквите инвестиции носат и директна финансиска корист за домаќинствата преку намалени сметки за електрична енергија и греење. Со тоа, зелените кредити не се само финансиски производ, туку и инвестиција во поквалитетен и поодржлив начин на живот.
Во таа насока, финансиските институции во својата понуда вклучуваат решенија за енергетска ефикасност. Преку прилагодените кредитни продукти како „М Зелен Дом“, „М Зелен Бизнис“ и „Зелен продукт со 30% грант“ на Штедилница Можности, корисниците можат да изберат решение што одговара на нивните потреби – без разлика дали станува збор за подобрување на домот или инвестиции во бизнисите.

Денот на планетата Земја е вистинска можност да се направи чекор кон поодржлива иднина. Преку користење на зелени кредити, секој може да даде свој придонес во зачувувањето на природата и создавањето поздраво опкружување за идните генерации.




























