Ригидноста на Пекинг во врска со дигиталните валути ги пренасочи инвеститорите на други пазари. Како нови дестинации за компаниите кои сакатаат да собираат средства со помош на блокчеин технологија се истакнуваат Хонг Конг и Сингапур во кои нагло порасна бројот на компании кои легално стартуваат ICO (initial coin offering, нов начин на прибирање на средства преку тргување со криптовалути).
Растот на Хонг Комнг и Сингапур како нови ICO центри започна во 2017, кога Пекинг го прогласи ICO за нелегален начин за прибирање финансии. Одлуката беше донесена поради страв од злоупотреби и перење пари. Сингапур ја искористи оваа шанса и стана трета во светот според висината на средства прибрани со ICO. Првите две места ги држат САД и Швајцарија.
Предноста на Сингапур ии Хонг Конг е во нивниот силен финансиски сектор во кој се кријат многу потенцијални инвеститори во ICO. Во Сингапур се наоѓаат неколку инвестициски фондови ориентирани на крипто и blockchain технологии, а и правните процедури се релативно едноставни. Хонг Конг има различен правен систем од остатокот на Кина и затоа е логичен избор за кинеските инвеститори со оглед на познавањето на јазикот и лесните правни процедури.