Роботот Hexa се грижи за вашите цвеќиња

- Advertisement -

Кинески стартап направи робот кој може да ви помогне никогаш повеќе случајно да не „убиете“ некое растение кое го чувате во домот. Роботот се вика Hexa и е доволно голем за да може да држи саксија со средна големина

Компанијата за роботика Vincross од Пекинг го направи Hexa со цел луѓето подобро да се запознаат со роботите за во домот. Овој робот со шест нозе е опремен со неколку мотори, инфрацрвена камера и камера од 720p, како и со оперативен систем Linux.

Опремен е со шест нозе како на пајак. Hexa ги користи своите нозе за да се придвижи на сонце кога на растението ќе му биде потребна повеќе светлина и се врти под соодветен агол. Исто така, ќе ви каже доколку треба да го наводните растението така што ќе почне да поскокнува на нозете. Доколку, пак, растението е среќно, Hexa ќе почне да танцува, пишува DailyMail.   

- Advertisement -

Оптичките сензори и сензорите за ориентирање во простор му овозможуваат на Hexa да гледа и да учи од околината. Vincross го модифицираше својот робот за да може да држи растение и го продава по цена од 949 долари. Доколку, пак, сакате безжична верзија, ќе треба да платите 999 долари.

 

Сподели!
- Advertisement -