Huawei организира Натпревар за мобилна фотографија Next Image во земјите на Централна и Источна Европа

- Advertisement -

Конкурсот дава можност за меѓународно изразување и престижно признавање за вљубениците во мобилната фотографија

Глобалниот технолошки гигант Huawei го најавува почетокот на единствениот од ваков вид натпреварот за фотографија направена со паметен телефон “Next Image Mobile Photography” . Натпреварот се состои од создавање фотографии со Huawei мобилен телефон во неколку категории а најдобрите фотографии ќе бидат добитници на вредни парични награди и можност за објавување во едно од најпознатите и најпрестижните списанија во светот, National Geographic. Победниците ќе бидат номинирани од стручно жири со долгогодишно искуство во областа на фотографијата и мобилните технологии.

Натпреварот на Huawei и конкурсот “Next Image Mobile Photography” е освојување нови хоризонти и оддавање почит на вљубениците во мобилната фотографија низ целиот свет. Оние кои сакаат да учествуваат ќе треба да направат фотографии во 6-те категории “Faces”, “Good Night”, “Hello, Life!”, “Check in”, “Nature” и “Story Board” со најдобри аспекти на визуелното изразување. Секој учесник во натпреварот може да ги пријави своите апликации најдоцна до 20 август 2018 година на http://campaign.consumer.huawei.com/mk/add.

- Advertisement -

„Секогаш ги гледавме камерите како една од најважните компоненти во нашите телефони и многу сме среќни што благодарение на нашите нови технологии, луѓето имаат можност да направат поубави и подобри слики. Со овој натпревар, се надеваме дека ќе дадеме поголемо значење на овој растечки тренд“, изјави маркетинг менаџерот на Huawei Macedonia ,Игор Милановиќ.

Откако конкурсот ќе биде завршен, фотографиите направени во натпреварот ќе бидат изложени во некоја јавна галерија и граѓаните и сите вљубеници во мобилната технологија ќе може да гласаат за нив до 28 август 2018 година. Потоа, стручното жири меѓу 50-те најпопуларни фотографии во секоја категорија ќе ги изгласа победниците. Жирито ќе биде во следниот состав:

- Advertisement -
  • Јанмин Ванг – Претседател на Huawei Consumer Business Group за Централна и Источна Европа;
  • Доминик Брако – официјален фотограф на National Geographic;
  • Алекс Ламбрехтс – овластен фотограф на Leica;
  • Томаш Лазар – лауреат на World Press Photo
  • Боби Анвар – Дански фотограф;
  • Гал Гадо – актерка и заштитно лице на Huawei P20 серијата;

Најдобрите 50 фотографии од нашиот регион ќе се квалификуваат за светскиот натпревар “Next Image Mobile Photography”.

Победниците во секоја категорија ќе добијат награда за Huawei Matebook X, објава на фотографијата во публикација National Geographic и парична награда од 2.000 евра. Второто и третото место ќе добијат Huawei мобилни телефони, односно P20 Pro и P20. Huawei P20 ќе биде награда за фотографиите кои ќе добијат најмногу гласови од граѓаните.

- Advertisement -

На крајот на натпреварот, жирито ќе ја додели специјалната награда Гран-при, која ќе добие наградата Huawei Matebook X, објава во публикацијата National Geographic, парична награда од 10.000 евра и можност да учествува во десетдневната фотографска експедиција на National Geographic, кој ќе се одржи во септември во Италија.

Huawei “Next Image Mobile Photography” (https://consumer.huawei.com/mk/) е фокусиран на камерите на паметните телефони и го менува начинот на кој го гледаме светот благодарение на нив. Денес, тие се моќни алатки кои им овозможуваат на илјадници луѓе од целиот свет да споделат тоа што гледаат со само неколку движења на прстите. Со својот динамичен развој и фундаменталната улога што квалитетните фотографии ја имаат во светот на социјалното вмрежување, мобилната фотографија успева како никогаш досега да создаде нова визуелна култура на модерниот свет.

Со излегувањето на Huawei P9, првиот телефон со двојна камера на пазарот, глобалниот бренд постави нови стандарди во однос на камерата во мобилните уреди. Сега, речиси 3 години подоцна, Huawei повторно поставува нови стандарди со P20Pro, опремен со тројна камера и софистициран AI систем, кој значително го подобрува квалитетот на сликите и на тој начин ги поместува границите на возможното во мобилната фотографија. Со комбинирање на податоците од трите сензори, P20Pro обезбедува висок квалитет на сликата со јасен фокус дури и при фотографирање во слабо осветлени простории.

Сподели!
- Advertisement -