17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Во иднина ѕидови со паметни растенија ќе го контролираат квалитетот на воздухот

Kabtel desktop

Во нашите домови наскоро би можела да стигне иновација која го спојува органскиот дизајн и следењето на квалитетот на воздухот. Научникот Нил Стјуарт од Институтот за земјоделство на Универзитетот Тенеси и неговите колеги го објавија својот труд во списанието Science, во кој опишуваат модифицирани растенија за во домот кои менуваат боја под влијание на ЛЕД и УВ светлина кога се изложени на таканаречени VOC честички, кои вклучуваат разни штетни хемиски соединенија кои може да имаат краткорочни или долгорочни последици по човечкото здравје.

Научниците во соработка со дизајнери одлучиле да ги спојат тие својства на билките со естетиката, па предлагаат изработка на ѕидовиво кои би растеле тие растенија, а би можеле совршено да се вклопат во внатрешниот декор на становите или работните простори, пренесува Vidi.hr.

Ова не е прв пат научниците да ги користат растенијата како биосензори, односно фитосензори дизајнирани со биотехнологија, односно посебната гранка синтетска биологија. Синтетската биологија на фармерите им овозможува да одгледуваат култури отпорни на разни штетници и болести без употреба на отрови.

Научникот Стјуарт разви концепт кој ја спојува синтетската биологија и естетиката, во кој биосензорските билки се директно посадени и специјално дизајнирани за куќни вертикални градини, односно украсни ѕидови. Овие живи ѕидови ќе содржат биосензори кои можат да детектираат секакви нечистотии во воздухот.

Стјуарт објаснува дека биосензорите од билките може да бидат дизајнирани да реагираат на штетни реагенси на повеќе начини, како што е постепено менување на бојата на листовите или употреба на флуоресценција, па ќе можат да не предупредат на опасност во нашето опкружување. Научниците сакаат оваа идеја да ја развијат подалеку од концепт и веќе имаат планови своите идеи од лабораторија да ги пренесат во нашите домови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •