Македонците на 8. место во светот по кликање на реклами на Facebook

- Advertisement -

Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните по кликање на реклами на оваа друштвената мрежа, пренесува порталот IT.mk.

Според анализата на We Are Social Singapore корисникот од Македонија е на 8. место по маркетинг активности на друштвената мрeжа.

- Advertisement -

На прво место се жителите на Фарските острови со отворени 24 огласи, следува Порторико со 23, Исланд и Хрватска со 21 и Малта и Косово со 20 клика.

Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички, падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите, но според некои анализи ова можеби и нема да се одрази на успехот на кампањите доколку во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.

- Advertisement -

Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.

Генерално, Македонците во месецот заследуваат по 2 нови страници на брендови, ставаат по 15 лајкови и 4 коментари на објави и обично по еднаш споделуваат одредена објава.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -