Walt Disney Company е последниот од низата гиганти кои се придружуваат на напорите да се заштити животната средина преку забрана запластичните сламки. Во блогот на компанијата денес беше објавено дека сите пластични сламки и лажички ќе бидат забранети во сите ресорти, тематски парквови и атракции почнувајќи од средината на идната година.
Единствениот исклучок, каде што нема да важи забраната е Disney Tokyo, затоа што тематскиот парк е во сопственост и со него управува Oriental Land Company со лицена на Disney, пишува GreenMatters. Со оваа вест Disney се приклучува на компаниите Starbucks, McDonald’s и Marriott Hotels во нивните надежи дека ќе ги намалат штетните ефекти на пластиката за еднократна употреба врз животната средина во целост и врз океаните.
„Елиминирањето на пластичните слаки и на другите пластични предмети е многу битен чекор во нашата посветеност на заштитата на животната средина. Овие нови глобални напори ќе помогнат да се намали нашето негативно еколошко влијание врз околината и да се остварат долгорочните цели за одржливост“ изјавија од Disney.
Од компанијата проценуваат дека со оваа забрана секоја година ќе се намали пластичниот отпад за повеќе од 175 милиони пластични сламки и 13 милиони лажички. Но, оваа забрана е само почеток на мерките на компанијата за заштита на животната средина. Во блогот откриваат дека планираат не само да постават садови за сапуни, детергенти, вода и сл. во нивните хотели и крузери, како и да ја намалат употребата на пластични кеси. Проценките се дека на тој начин ќе се намали употребата на пластика за 80%.