Илон Маск преговaрa за градење гигафабрика во Европа

- Advertisement -

Tesla Inc, компанијата на чие чело е познатиот иноватор Илон Маск, е во преговори со властите на Германија и Холандија за изградба на првата гигафабрика во Европа. Производителот на електрични возила веќе одржал прелиминарни преговори со властите на две можни локации во Германија за изградба на гигафабрика во Европа за производство на електрични автомобили и батерии, пишува Reuters.

Преговорите уште се во зачетна фаза и можеби нема да резултираат со конечен договор. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во јуни изјави дека тој ја преферира Германија како локација за неговата прва европска гигафабрика.

- Advertisement -

„Можеби е логично фабриката да биде на границата меѓу Германија и Франција за да биде поблиску до земјите од Бенелукс“, напиша Маск на Twitter.

- Advertisement -

Tesla веќе има инженерски оддел во Пруем, Германија, кој е околу 30 км оддалечен од Белгија и околу 100 км од границата со Франција. Портпаролите на Tesla одбиваат да ги коментираат наводите. Претходно во јули компанијата најави дека планира да ја гради првата фабрика во Кина.

Иако Маск изјави дека компанијата ќе има добри приходи годинава, аналитичарите предвидуваат дека Tesla ќе има доволно капитал за да финансира цела листа од проекти, вклучувајќи го и лансирањето на електричниот камион и пикапот.

Сподели!
- Advertisement -