Северните делови од Кина ќе бидат погодени од најсмртоносни топлотни бранови

- Advertisement -

Северниот дел од Кина е најгусто населениот дел од Земјата и е пред закана да стане зона на најсмртоносните топлотни бранови до крајот на 21 век. Научниците предупредуваат дека ако количината штетно испарување не се намали значително, овој дел од планетата ќе биде изложен на сурови климатски промени.

Според резултатите од најновите истражувања, 400 милиони луѓе ќе се најдат на патот на смртоносни промени во климата, а најзагрозениот дел од популацијата ќе бидат фармерите. Топлината и високото ниво на влажност на воздухот ќе предизвикаат многу смртни случаи дури и кај здравиот дел од населението. Научниците проценуваат дека 6 часа поминати надвор ќе бидат доволни за степенот на смртност да биде непроценлив, пренесува N1info.

- Advertisement -

„Кина моментално емитува најмногу штетни гасови и потенцијално е најголем непријател на сопствениот народ. Ако се продолжи со испуштањето штетни гасови, може да се огранични и да се загрози животот на најнаселената земја на планетата“ вели професорот Елатих Елтахир од Институтот за технологија на Масачусетс, специјализиран за хидрологија и климатски промени.

Овие проекции се засновани на истражувања кои покажуваат дека луѓето не можат да преживеат одредено ниво на топлина и влага во воздухот. Нивото на толеранција на двата фактори се мери со помош на два методи – мокра сијалица, односно замотување важна крпа околу сијалицата за со испарувањето таа да се лади и сува сијалица. Во случајот на мократа сијалица, кога температурата ќе достигне 35 степени Целзиусови, здравата личност не би можела да преживее повеќе од 6 часа на отворено.

- Advertisement -

Се проценува дека со текот на времето ваквите застрашувачки услови ќе се прошират на целата планета и во периодот од 2070 и 2100 година смртоносниот праг на температура од 35 степени и прекумерна влажност ќе биде постигнат неколку пати.

Сподели!
- Advertisement -