Нова социјална мрежа што забранува објава на селфи фотографии е вистинска закана за Instagram

- Advertisement -

На социјалните мрежи доминираат селфи фотографиите, а во новата популарна апликација објавата на селфи е забранета. Иако пазарот за социјални мрежи и апликации за комуникација и споделување фотографии и видеа е прилично заситен, повремено се појавуваат апликации со потенцијал за привлекување милиони корисници кои може да им конкурираат на популарните мрежи.

Една таква апликација со голем потенцијал за популарност е Poparazzi, неодамна претставената платформа за споделување фотографии која е достапна за корисниците на iPhone, а за нејзината популарност најдобро зборува фактот дека моментално е најпопуларната апликација во американски App Store.

- Advertisement -

Целта на девелоперите кои ја развија Poparazzi е, негувањето на автентичните фотографии разменети помеѓу пријатели. Во фокусот се пријателите на личноста што фотографира, а не самата личност и верувале или не, забрането е објавувањето селфи фотографии. Со тоа од компанијата порачуваат дека сакаат да го намалат притисокот да изгледаат совршено на фотографитие и затоа својата мрежа ја нарекоа антиселфи клуб.

Poparazzi е конципирана така што на корисничкиот ѕид се појавуваат фотографии од луѓе кои ги објавиле нивните пријатели, односно други корисници на мрежата, додека фотографиите кои ги направиле самите се појавуваат во секундарен таб.

- Advertisement -

Освен забраната за селфи фотографии, апликацијата доаѓа со други опции кои треба позитивно да делуваат на добросотојбата на корисниците и да го намалат притисокот кој денес го чувствуваат сите корисници на социјални мрежи во однос на тоа да имаат повеќе следбеници, пријатели, коментари и сл. Имено, на Poparazzi не можете да видите колку следбеници имаат другите корисници, нема коментари на објавите, а не постои ни можност за уредување на фотографијата пред да ја објавите.

(Protocol)

- Advertisement -

(фото: Poparazzi)

Сподели!
- Advertisement -