Компанијата Airbnb беше принудена да го откаже натпреварот за кој главната награда беше ноќевање на големиот Кинески ѕид откако официјалната кинеска агенција која се грижи за заштитата на ова национално богатство не го одобри планот
„Ги разбираме и ги почитуваме ставовите на Комисијата за култура“ напишаа од Airbnb на Weibo, која е кинеска верзија на Twitter. Овој пост беше одговор на Јанкинг комисијата за култура на Пекинг, од каде што изјавија дека проектот не е во согласност со политиката за зачувување на вредностите на Кинескиот ѕид.
Владината агенција е одговорна за делот од ѕидот кој се наоѓа во Бадалинг и никогаш досега нема одобрено планови за некаков проект од некоја организација. Во изјавата на Airbnb се вели дека изминатите неколку месеци преговарале со релеватни луѓе, но сепак донеле одлука да не продолжат со настанот.
Туристичката компанија на Бадалинг, Beijing Badaling Tourism Company, која беше локален партнер на Airbnb во проектот, изјави дека компаниите се уште соработуваат, но не откри на кои и какви проекти. Кина во 2006 година донесе закон за заштита на Кинескиот ѕид, стар 2.600 години, а дел од законот е забрана на поставување на какви било структури на ѕидот кои не се дел од програмата за зачувување на ова наследство.