Starbucks се влучува во лудилото кое владее околу криптовалутите. Синџирот за кафе со седиште во Сиетл побара помош од Microsoft за креирање нова дигитална платфрома која на потрошувачите ќе им овозможи да си купат кафе од Starbucks со биткои или друга криптовалута.
Starbucks со повеќе партнери работи на лансирањето на новата компанија наречена Bakkt, која на консументите и на институциите ќе им овозможи да плаќаат, да продаваат, да складираат и да трошат криптовалути на глобалната мрежа почнувајќи од ноември годинава. Платформата ќе ги претвора биткоинот и другите криптовалути во американски долари, кои потоа можат да се искористат за да се купи кафе или што било друго во Starbucks, пишува CNBC.
„Како најголем малопродажен синџир, Starbucks ќе одигра клучна улога во развојот на практични, безбедни и регулирани апликации за потрошувачите да ги претвораат нивните дигитални средства во американски долари и да го потрошат во Starbucks. Ние сме посветени на иновирање за да овозможиме повеќе опции за плаќање” велат од компанијата.
Скептиците за криптовалути се против примена на криптовалутите како средство за плаќање поради нестабилноста. Биткоин, на пример, лани изгуби речиси 50% од вредноста, која честопати му се менува за неколку стотини долари дневно. Но, Starbucks сериозно ги сфаќа криптовалутите и овој нивни потег може да предизвика конечно глобално прифаќање на биткоин.