Фотогалерија: Новата Шкода Фабиа

- Advertisement -

Škoda го освежи и го наполни со технологија својот популарен модел од B сегментот, а почетокот со продажба на Fabia на европскиот пазар е одбележан со свежа галерија фотографии од овој автомобил

Кога станува збор за дизајнот, од напред се променети светлата и маската на системот за ладење, додека на задниот дел се рестилизирани браникот и стоп светлата, а на купувачите по прв пат во Fabia им се достапни LED предни и задни светла.

- Advertisement -

Понудата на алуминиумски фелни кај хечбек верзијата е проширена со гуми од 18 инчи.

- Advertisement -

Fabia доби и нови системи на асистенција, со што поединечни технологии за активна безбедност се спуштаат во пониските сегменти на возилата на Škoda. Автомобилот е опремен со електронски систем за воочување на другите автомобили кои што се наоѓаат во мртвиот агол и предупредување на возачите за нивно присуство.

- Advertisement -

Редизајнираната Fabia има и систем кој внимава на случувањата зад возилото и го алармира возачот ако постои опасност од судир од позади. Уште една новина е Light Assist, автоматско исклучување на долгите светла во случај на доаѓање на автомобили во спротивен правец.

Škoda во новата Fabia го унапреди и мултимедијалниот систем Swing кој сега има 6,5 инчен екран. Во верзијата со вграден навигациски систем, на возачот на располагање му се сервисни информации за состојбата и условите во сообраќајот во реално време.

SmartLink+ технологијата со функциите Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLinkTM и SmartGate овозможува едноставно поврзување со smart уреди и пренесување на нивната содржина на екранот од мултимедискиот систем на Fabia.

Рестилизираната Fabia наскоро ќе пристигне во Македонија.

 

Сподели!
- Advertisement -