Научници на NASA пронајдоа мраз на површината на Месечината

- Advertisement -

Научниците на NASA пронајдоа мраз на површината на Месечината, од поладната страна која Сонцето никогаш не ја допира

Мразот беше пронајден распрскан низ површината на нашиот најблизок сосед, Месечината, криејќи се во поларните региони кои Сонцето не ги допира.

Резултатите доаѓаат од инструментите на индиската вселенска мисија „Чандрајан 1“, која ја истражуваше Месечината во 2008 и 2009 година и деталите сега се објавени во журналот на Националната академија на науки.

- Advertisement -

Новото откритие додава уште еднaш ја поттикнува дилемата дали постои живот надвор од Земјата?

Температурите на Месечината преку ден достигнуваат и до 100 Целзиусови степени, што не се добри услови за одржување на површинскиот мраз. Сепак, дневната светлина никогаш не доаѓа до некои точки на половите. Научниците проценуваат дека температурите во постојано засенетите кратери на половите никогаш не се искачуваат над -157 степени.

Сподели!
- Advertisement -